3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСоработка меѓу Универзитетот „Св. Апостол Павле“ и Институтот за наука и технологија...

Соработка меѓу Универзитетот „Св. Апостол Павле“ и Институтот за наука и технологија од Јапонија

hara univerzitet

Договор за соработка помеѓу Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ и Институтот за наука и технологија од Нара во Јапонија, беше денеска потпишан.

Договорот го потпишаа Ректорот на Универзитетот „Св. Апостол Павле“, проф. Нинослав Марина и претседателот на Институтот за наука и технологија од Нара, проф. Наотаке Огасавара.

Документот предвидува интензивирање на научната соработка помеѓу институциите потписнички, особено во насока на трансфер на знаења и технологии и соработка при реализација на научни проекти.

„Институтот за наука и технологија од Нара е помеѓу водечките високообразовни институции во Јапонија со силен фокус врз истражувачката работа и импресивни резултати во остварувањето на приходи од продажба на патенти. Меѓународната соработка и поттикнувањето на истражувачката работа заземаат централно место во рамките на мојата програма, оттука сметам дека соработката со Институтот за наука и технологија од Нара нуди големи потенцијали и јас искрено сè надевам дека истите ќе ги искористиме на најдобар можен начин во интерес на развој и подигање на реномето на Универзитетот „Св. Апостол Павле“, истакна ректорот Марина.

Покрај склучувањето на договорот за соработка, во рамките на неколкудневниот престој, ректорот Марина ќе одржи повеќе предавање и ќе има можност одблиску да се запознае со структурата, истражувачките капацитети и актуелните научни проекти на Институтот за наука и технологија од Нара.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП