12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААкција за собирање на кабаст отпад во Кисела Вода

Акција за собирање на кабаст отпад во Кисела Вода

kabast

Започна дводневна акција за собирање на кабаст отпад низ општина Кисела Вода.

Камионите на ЈП “Комунална хигиена” во соработка со општина Кисела Вода, од петок наутро започнаа да ги собираат стариот мебел, душеци и друг волуменозен отпад сличен на овој, кој граѓаните го имале во својот дом.

Преку Секторот за Месна самоуправа и соработка со НВО, акцијата се спроведува поодделно по урбани заедници според датумот и времето предвидено за одложување на отпадот.

Денес ќе бидат опфатени жителите на урбаните заедници Цветан Димов, Бирарија, Црниче, Пржино и 11-ти Октомври – згради, додека утре (05. 03. 2016 година) од 07,00- 11,00 часот, кабастиот отпад пред своите домови, колективните згради на пошироките улици, ќе можат да го депонираат жителите на УЗ Кисела Вода, УЗ. Расадник, УЗ. 11-ти Октомври – бараки, УЗ. Пинтија, УЗ. Бобан Трпков-Драчево, МЗ.село Драчево и МЗ. Припор.

Општина Кисела Вода апелира до граѓаните отпадот уредно да го депонираат, како не би се загрозил сообраќајот за автомобилите и пешаците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП