3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајголемата криза за бразилската економија во последните 24 години

Најголемата криза за бразилската економија во последните 24 години

brazil1

Бразилскиот БДП забележа најлош пад од било која економија во развој во 2015 година – 3,8 проценти, се наведува во податоците на Националната агенција за статистика на земјата IBGE.

Економскиот раст во седмата земја, според големината на економијата, опадна жестоко во текот на последните месеци. Една од причините е политичката парализа која ги спречува бразилските обиди да се избори со економските проблеми меѓу кои е и дефицитот на буџетот кој изнесува 10,8 проценти од БДП.

Претседателката Дилма Русев се обидува да ги спречи обидите на опозицијата да ја обвини за наводни неправилности во сметководството. Постојат сомневања и за подмитување и корупција во врвот на државата кои се поврзани со големите проекти за изградба.

Претходникот на Дилма, Луиз Инацио Лула да Силва е еден од луѓето кои се под истрага. Поради сето тоа во Бразил го нема оптимизмот кој постоеше во 2000 година.

Бразил е во најлоша економска состојба од 1990 година. Аналитичарите велат дека Бразил сега е жртва на класична стагфлација – спој на висока инфлација и рецесија.

Од останатите држави од оваа група, Индија и понатака зајакнува, додека Кина забави со растот, а многу економисти велат дека состојбата во таа земја е многу полоша од тоа што кинеските претставници го претставуваат во јавноста. Русија е во слична ситуација како и Бразил, додека Јужноафриканската Република забележа мал пораст од 1,3 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП