7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајлошиот февруари за компаниите во еврозоната

Најлошиот февруари за компаниите во еврозоната

evrozona3

Претходниот месец беше најлошиот месец за компаниите во еврозоната во последната година.

Тоа, во комбинација со новите сигнали за дефлаторни притисоци, веројатно ќе ја зголеми надежта за дополнително монетарно олабавување, покажаа денес резултатите на една анкета.

Индексот на менаџерите за набавка (ПМИ) за еврозоната, кој го пресметува лондонската компанија Маркит, падна во февруари на 53 поени од јануарските 53,6 поени, што е најниското ниво од почетокот на 2015 година, пренесува агенцијата Ројтерс, потсетувајќи дека тој индекс и понатака е над границата од 50 поени, што укажува на раст на деловните активности.

„Забавувањето на растот на деловните активности, следено со слично забавување на темпото на отворање на нови работни места, говори дека закрепнувањето на регионот губи замав“, изјави главниот економист на Маркит, Крис Вилијамсон.

Дополнителното намалување на каматните стапки на депозитите од страна на Европската централна банка (ЕЦБ) е речиси извесно на наредниот состанок на оваа институција на 10-ти март, оценува Ројтерс, додавајќи дека дури постои шанса централната банка да го зголеми обемот на програмата за откуп на обврзници од актуелните 60 милијарди евра месечно.

Цените во еврозоната во минатиот месец паднаа за 0,2 проценти, што е значително под целната инфлација на ЕЦБ од нешто под два проценти, потсетува британската агенција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП