15 мај, 2025
ПочетнаКУЛТУРАИзложба на уметничка фотографија „Жените и фотографијата“

Изложба на уметничка фотографија „Жените и фотографијата“

foto dete 33

Денеска во Изложбениот салон при Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово свечено ќе се отвори меѓуклупската изложба „Жените и фотографијата“ што ја организира новоформираниот клуб Куманово.

Иако млад, клубот во своите редови брои добро познати автори како во Македонија, така и пошироко, кои за релативно кратко време успеаја да го закитат Куманово со бројни награди и успеси.

Постановката се состои од фотографии на четириесет авторки, кои неуморно рамо до рамо, со членовите од посилниот пол на фото клуб „Куманово“ креативно работеа и твореа. Жената претставува мотив кај многу поети, сликари, писатели, но кога станува збор за фотографијата таа се јавува не само како инспирација за фотографите, туку и активно се вклучува во самиот процес на фотографирање, изработка на фотографијата и пренесување на стекнатото знање за фотографијата како уметност. Жените се почуствителни и посуптилни од мажите и заради тоа подобро ги забележуваат деталите. Тоа е дар на природата и со малку спретност да фати вистински кадар, излегува одлична фотографија. Во фотографијата нема кавалерство, па колегите фотографи почнаа озбилно да ги сфаќаат жените со фото апарат гледајќи ги како озбилна конкуренција. Многумина се уште со недеоверба гледаат на жените со фото апарат во раце, некои со восхит, но несомнено заклучуваме дека тие имаат озбилно место во светот на фотографија, оставајќи неизбришив траг за кој допрва ќе се зборува.

Изложбата се отвара во петок, во 19.30 часот, а во изложбениот салон на НУ Центар за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово ќе биде поставена до 17 март 2016 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП