23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААкцијата на Макпетрол доминантна по промет

Акцијата на Макпетрол доминантна по промет

makedonska-berza-berzi-zvonce

Вкупниот промет на Македонската берза беше значително повисок во четвртокот во однос на претходните денови и изнесуваше 19,1 милиони денари, меѓутоа тоа се должи на една трансакција со која се оствари промет од 14,7 милиони денари.

Конкретно, со акцијата на Макпетрол АД Скопје се истргуваа 0,77 отсто од вкупниот број на акции, или 867 акции по просечна цена од 17.000 денари.

Оваа трансакција опфати 77 отсто од прометот кој беше остварен на Официјалниот пазар.

За обврзниците имаше мала заинтересираност, па така се оствари промет од само 57 илјади денари со обврзниците од десеттата емисија.

Индексот МБИ10 ја прекина повеќедневната позитивната серија и заврши во минус од 1,11 проценти и затвори на 1.792,24 индексни поени. На врвот на добитничката листа денес се најдоа акциите на Арчеломитал Скопје (ХРМ) со раст на вредноста за 10 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП