17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАAвтопатот Скопје-Штип ќе биде завршен навреме

Aвтопатот Скопје-Штип ќе биде завршен навреме

avtopat-shtp

Изградбата на автопатот Скопје-Штип се одвива според предвидената динамика, оцени во четвртокот челникот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, по увидот во градежните работи за изградба на локален пат меѓу штипските села Врсаково и Долно Трогирци.

„Автопатот е долг 47 километри, предвидено е да чини 206 милиони евра и веќе 93 отсто од трасата е пробиена, а голем дел е и асфалтирана. Во моментов се работи на повеќе клучки“, рече Груевски.

Истакна дека автопатот се гради според редвидената динамика и дека ќе биде завршен навреме.

„За неговата изградба се ангажирани речиси 700 работници, а покрај овој автопат во Македонија се градат или реконструираат три други автопати. Тоа се автопатите Охрид-Кичево, Демир Капија-Смоквица, а активно се реконструира автопатот од Смоквица до Гевгелија.Вкупно над 2.600 работници во моментов работат на изградба на автопатиштата во Македонија“, рече Груевски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП