13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПешевски-Мантованели: Македонија и СБ имаат одлична соработка

Пешевски-Мантованели: Македонија и СБ имаат одлична соработка

pes-man

Вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски во четвртокот оствари средба со Марко Мантованели, кој наскоро ќе биде промовиран во директор на Канцеларијата на Светска банка во Македонија.

За време на средбата Пешевски и Мантованели ја потврдија одличната соработка која изминативе години македонската Владата ја има со Светска Банка и заеднички заклучија дека земјата оствари навистина голем прогрес кога станува збор за подигнување на конкурентноста на македонските компании и подобрување на условите за водење на бизнис.

Вицепремиерот Пешевски истакна дека Владата во Светска Банка гледа стабилен партнер и сериозен поддржувач, а доказ за тоа се досега спроведените 61 проект за кои се инвестирани големи финансиски средства.

Тој потенцираше дека со шесте проекти кои се во тек на имплементација значително ќе се подобри локалната, регионалната и националната инфраструктура, ќе се подобрат услугите на локалната самоуправа, а особено е значајно што ќе се подигне конкурентноста на локално и регионално ниво.

Особено внимание, за време на разговорот, Пешевски и Мантованели посветија на Проектот за подобрување на локалната и регионална конкурентност во областа на туризмот. Овој проект кој е координиран токму од вицепремиерот Пешевски, ќе се реализира во соработка со Светската Банка, а се финансира преку средства од ИПА фондовите.

На крајот на состанокот, Пешевски и Мантованели изразија задоволство од досегашната соработка помеѓу Владата и Светска Банка и ги потврдија намерите за понатамошна успешна соработка помеѓу двете институции, се вели во соопшението на кабинетот на Пешевски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП