20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоради руската зима во светот ќе има помалку пченица

Поради руската зима во светот ќе има помалку пченица

pcenica cena dog0

Светското производство на пченица во 2016-та ќе падне за 1,4 отсто, поради сувото време кое ќе предизвика намалување на засадувањето во текот на зимскиот период.

Производството ќе забележи пад поради помалите насади во Русија и Украина, според извештајот на Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (FAO).

„FAO“ во својата прва прогноза за жетва на пченицата во светот во 2016-та година, процени дека вкупното производство ќе изнесува 723 милиони тони, што е околу 10 милиони тони под минатогодишното рекордно производство, се наведува во соопштението на оваа организација.

Од друга страна, Кина и Пакистан ќе евидентираат речиси рекордна жетва на пченица со очекуваното закрепнување на производството во Индија.

Во најновиот извештај „Понудата и побарувачката на пченица“, „FAO“ ја намали проценката на ланското вкупно производство на житарици на 2.525 милиони тони, поради тоа новите проценки за производство на пченица во Индија и ревидираните податоци за производството во Иран.

Вкупното производство на пченица, како што се наведува во извештајот, било за 1,4 проценти пониско во однос на рекордното ниво од 2014-та година.

Исто така се намалени предвидувањата за светското производство на ориз во 2015-та поради развојот на состојбата во Азија, се наведува во соопштението.

Според проценките на „FAO“, глобалните резерви на житарици веројатно ќе изнесуваат 636 милиони тони до крајот на сезоната, која завршува во 2016-та година, што е речиси непроменето во однос на и онака високите залихи за почетокот на сезоната, но и за 6,2 милиони тони под минатомесечната прогноза.

Односот на понудата и побарувачката на житарици на светскиот пазар, клучните показатели за безбедноста на храна во светот, се уште е на релативно високо ниво од 24,7 oтсто, наведува Организацијата за храна при ОН.

Светската трговија со житарици ќе забележи пад од 2 проценти во 2015/2016 година во однос на претходната сезона, поради намалената побарувачка за пченица и јачмен, што делумно беше неутрализирано со подобрата побарувачка за ориз.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП