4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЕдвај составувал крај со крај а денес брои милиони

Едвај составувал крај со крај а денес брои милиони

dovon1

До Вон Чанг и неговата сопруга Јин Шок во 1981 година од Кореја се преселиле во САД.

До Вон на почетокот бил принуден да работи три работи истовремено. Тој се вработил како домар, работник на пумпа и во кафетерија. По три години брачниот пар собрал доволно пари да го отвори својот прв бутик.

Можеби сте слушнале за ланецот на бутици „Forever 21“, а можеби и не. Станува збор за пионерски потфат наречен „брза-мода“, кој подоцна прерасна во мултинационален. Денес „Forever 21“ има вкупно 480 продавници и прави годишен профит од неколку милијарди долари.

forever21

Чанг го отворил бутикот заедно со неговата сопруга. Во работата се вклучила и неговата ќерка Линда која е маркетинг директор и втората ќерка Естер, која е одговорна за планирање и дизајн на излозите.

„Многу е важно моите ќерки да сфатат колку напор сме вложиле во оваа работа“, изјави Вон. „Всушност кој би се однесувал подобро кон вашиот бизнис од вашите деца?“, додаде тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП