10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAdidas ја намали загубата во четвртиот квартал

Adidas ја намали загубата во четвртиот квартал

adidas kina 22

Германскиот производител на спортска опрема Adidas Group извести во четвртокот дека ја намали нето загубата во четвртиот квартал благодарение на силните приходи поттикнати од добрите резултати на двата бренда, Adidas и Reebok.

Во четвртиот квартал од минатата година групацијата забележа нето загуба од 44 милиони евра. Во истиот период од минатата година загубата изнесуваше 140 милиони евра. Доколку се иземат промените на валутните курсеви, групацијата во последните три месеци од минатата година со нето загуба од 28 милиони евра, во споредба со загубата од 62 милиони евра во претходната година.

Нето приходите во набљудуваниот период се зголемија за 15,4 отсто, на 4,17 милијарди евра. Без валутни ефекти, зголемени се за 12 отсто.

Брендот adidas на крајот на 2015 година забележа скок на приходите прилагодени за влијанието на валутните курсеви за 16 отсто, забележувајќи двоцифрен раст на повеќето пазари, вклучително поширокото подрачје на Кина, западна европа и Северна Америка.

Приходите на Reebok пораснале за пет отсто, поттикнати од двоцифреното зголемување на продажбата во западна Европа, латинска Америка, Кина и во неколку други држави.

Компанијата во новата година очекува раст на нето добивката на околу 800 милиони евра, а приходите би требало да пораснат за 10 до 12 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП