22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропските берзи ослабнаа по пет дена раст

Европските берзи ослабнаа по пет дена раст

evropski=berzi

Цените на акциите на европските берзи денеска загубија дел од добивките остварени во претходните неколку дена бидејќи инвеститорите ги обесхрабрија анемичните деловни резултати на неколку компании.

FTSEurofirst индексот на 300 водечки европски компании околу 10.30 часот беше во минус 0,5 отсто, на 1.335 поени, откако вчера зајака за 0,7 отсто и достигна највисоко ниво во последниот месец.

Лондонски FTSE истовремено беше во плус 0,05 отсто, на 6.149 поени, додека франкфуртски DAX ослабна 0,10 отсто, на 9.771 поен, а париски CAC 0,30 отсто, на 4.412 поени.

По пет дена раст цените, инвеститорите на европските берзи изутрината беа внимателни бидејќи неколку компании објавија послаби од очекуваните деловни резултати.

Поради тоа акцијата на германскиот производител на спортска опрема Adidas поевтини за околу 0,5 отсто, додека цената на хемискиот производител Evonik потона за 12 отсто.

Меѓу губитниците изутрината е и здравствениот сектор, со просечен пад на цената за 1,6 отсто.

Од друга страна, поддршка на пазарите им пружи растот на цената на нафтата и на сировините, па изутрината рударскиот сектор зајакна за 1 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП