2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУлицата Лука Геров целосно осветлена

Улицата Лука Геров целосно осветлена

лука-шука

Целосно се завршени работите околу поставувањето на 12 нови бетонски бандери на најтемниот дел кој од улицата „ Лука Геров“ ,една од главните сообраќајни артерии во општината Ѓорче Петров.

Електричарите од „Дора–донка“ веќе ги поставија и светлечките арматури со што оваа улица конечно ќе биде целосно осветлена. Улицата „Лука Геров“ до сега беше осветлена од надвозникот пред населбата до воениот отпад.

„Овој зафат е од битно значење за жителите од крајниот северозападен дел на населбата „Даме Груев“, но поставувањето на осветлување е секако добредојдено и за стопанските субјекти кои гравитираат кон главната улици. Новопоставеното осветлување има исклучително значење за учениците кој од овој дел на општината учат во основното училиштето „ Страшо Пинџур“ и се движат по оваа улица“, велат од општина Ѓорче Петров.

За реализација на овој проект средствата се обезбедени од општинскиот буџет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП