28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Глобалниот јавен долг оваа година ќе изнесува 42.400 милијарди...

График на денот: Глобалниот јавен долг оваа година ќе изнесува 42.400 милијарди долари

Illustration of the crisis concept with a businessman in panic

Глобалниот јавен долг оваа година ќе забележи раст поради дополнителното задолжување на САД, Кина, Бразил и Индија, проценуваат од „Standard & Poor’s“, пренесува „CNBC“.

Се очекува дека вкупниот јавен долг на глобално ниво во оваа година да порасне за 2 проценти или на 42.400 милијарди долари, наведува оваа агенција за евалуација на должничките хартии од вредност. Новото задолжување ќе достигне 6.700 милијарди долари и повторно ќе го надмине износот за отплата, пресметале од „S&P“.

Овој тренд се одразува на движењето во неколку земји, па така задолжувањето на САД би требало да се зголеми за осум посто, односно 163 милијарди долари во споредба со минатата година. Кинеското задолжување би требало да се зголеми за 18 проценти или за 51 милијарда долари, велат од агенцијата.

gjd 01

Поради зголемувањето во Кина, Бразил и Индија задолжувањето на економиите во развој во 2016-та ќе порасне за 9,4 отсто, односно за 587 милијарди долари. Со тоа вкупниот долг во ова друштво на земји до крајот на годината ќе достигне 6.800 милијарди долари.

Најголемо ќе биде задолжувањето на Бразил, за 14 милијарди долари, односно за осум проценти.

Задолжувањето на Полска и Индија би требало да се зголеми за по 12 милијарди долари, односно за 38 и 8 посто.

Наспроти тоа, Јапонија, еврозоната и земјите како Канада, Велика Британија, Мексико и Украина би требало да забележат пад во задолжувањето, проценуваат од агенцијата.

gjd 02

Еврозоната би требала да забележи пад од речиси шест посто, иако вкупната граница на долгот благо ќе порасне и ќе надмине 7.000 милијарди евра, бидејќи износот за задолжување на нејзините членки, повторно ќе ја надмине сумата за отплата на долгот.

На глобално ниво, оваа година ќе бидат издадени 6.745 милијарди долари должнички хартии од вредност, во однос на 6.899 милијарди долари издадени во 2015-та. Притоа 4.900 милијарди долари долг ќе треба да се наплати, што значи дека на крајот нето долгот повторно ќе порасне и тоа за 1.700 милијарди долари, пресметале во „Standard & Poor’s“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП