1 јули, 2024
ПочетнаКАРИЕРАОдењето во канцеларија е целосна лудост

Одењето во канцеларија е целосна лудост

канцеларија-ја-ја

Еди Обенд, британскиот професор на водечкото европско бизнис училиште Henley Business School, а притоа и основач на првото виртуелно бизнис училиште Pentacle, има интересна теорија за границите до кој денешниот менаџмент застарил.

Обенд е креатор на концептот „New World Management“ според кон светот околу нас се менува со голема брзина, а знаењето на кое ги темелиме своите одлуки е застарено и неупотребливо. И тоа го објаснува со еден пример, кој е познат за поголемиот број на вработени.

Тој во своето последно интервју, објаснувајќи ја својата теорија даде пример и изјави дека одењето во канцеларија е потполна глупост.

„На многу луѓе одењето во канцеларија секој ден им е нормална појава, а всушност тоа е целосна лудост, бидејќи во домот веројатно имате подобра интернет врска од онаа во канцеларија, а одите во канцеларија за да можете да се приклучите на интернет и да испратите мејлови – тоа нема смисла“ вели Обенд.

Тој наведува и личен пример за „лудоста“ на таквата работа.

„Вчера се сретнав со луѓето од една компанија кои сакаат да научат како да работат виртуелно па ги повикаа и своите колеги да и се придружат на мојата виртуелна платформа „Qube“. Јас нормално, знам дека тоа е виртуелна платформа па претпоставував дека доаѓаат од различни делови на Обединентото Кралство, но наместо тоа, тие сите допатуваа за да седнат во иста просторија за состаноци, за да се поврзат со мене виртуелно. Тоа е целосно лудо.“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП