17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААрапите ја „предадоа“ Европа, САД ги добива бенефициите

Арапите ја „предадоа“ Европа, САД ги добива бенефициите

арапите

Саудиска Арабија, најголемот светски извозник на сирова нафта, ја зголеми цената на својата нафта за априлската испорака во Азија и Европа, додека за САД ја намали цената.

Овој потег на Ријад следеше откако цените на нафтата забележаа извесни добивки, при што северноморската нафта „брент“ достигна 37 долари за барел, а американската „лесна“ нафта WTI стигна блиску 34 долари за барел, известува агенцијата Франс прес.

Саудискиот национален нафтен конгломерат Aramko, соопшти дека цената на арапската „лесна“ нафта за Азија е зголемена за 0,25 долари по барел од март, но и понатака е за 0,75 долари по барел под референтната цена за овој вид на нафта.

Во соопштението се додава дека се зголемени и цените за категориите „супер лесна“ и „екстра лесна“ нафта.

Азија, особено Кина, останува најголемиот пазар за Саудиска Арабија и нејзините партнери од персискиот залив, кои се соочуваат со силна конкуренција на презаситениот пазар.

Истовремено, ова кралство ја намали цената на сите категории за априлската испорака на САД меѓу 0,20 до 0,30 долари по барел.

Ријад исто така незначително ја намали цената за два типа на нафта за испорака на Блискиот Исток, а за уште две категории ги задржа непроменети цените, пренесува Франс прес.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП