3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПродолжување на постојната водоводна мрежа на улица “Саса 30”

Продолжување на постојната водоводна мрежа на улица “Саса 30”

водоводна

Градежните активности кои се дел од проектот на општина Кисела Вода за продолжување на постојната водоводна мрежа на улица “Саса 30”, пуштена во употреба пред три години, се во тек.

Екипите интензивно работат на поставување на цевки од дуктулно железо со различен дијаметар, во должина од околу 740 метри.

На оваа мрежа ќе се приклучат околу 30 до 40 домаќинства кои живеат во непосредна близина, а можност за приклучок, во иднина ќе имаат и новоизградените објетки во тој дел од населбата Пинтија. Општина Кисела Вода за изградбата на новата водоводна мрежа одвои вкупно 5.893.214 денари. Според договорот градежните активности треба да завршат за 90 дена од почетокот на изведбата на проектот.

Општина Кисела Вода апелира до сите граѓани кои живеат на оваа улица или во близина, за нивно трпение и разбирање додека траат градежните зафати, бидејќи бенефитот најмногу ќе го почувствуваат токму жителите на овој дел од градот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП