18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИFacebook под истрага во Германија поради сомневање за злоупотреба на пазарната положба

Facebook под истрага во Германија поради сомневање за злоупотреба на пазарната положба

istraga fb 33355

Германските власти водат истрага против Facebook поради сомневање за злоупотреба на доминантната позиција на пазарот, што е прва официјална истрага од ваков вид со која е соочена оваа социјална мрежа.

Сојузното германско биро за картели се сомнева дека условите за приватност на социјалната мрежа ги крши законите за заштита на податоци. Бирото истражува дали поради пазарната доминација на Facebook неговите услови за приватност претставуваат злоупотреба на пазарната сила.

„Доминантните компании се предмет со посебни обврски“ изјави претседателот на бирото за картели Андреас Мундт.

„За интернет услугите кои се финансираат од огласување, како Facebook, корисничките податоци се исклучително важни. Поради тоа е важно и од аспект на злоупотреба на пазарната моќ да се испита дали потрошувачите се доволно информирани за врстата и опсегот на прибавените податоци“, вели Мундт.

Истрагата ќе биде фокусирана на американското работење на Facebook, како и на работењето на неговите германска и ирска подружница, соопшти бирото, додавајќи дека Facebook е доминантен на пазарот на социјални медиуми и се потпира на приходи од огласување кои се генерираат врз основа на приходи од огласување кои се генерираат врз основа на „големи количина на лични податоци на корисниците“. А корисниците мора да се согласат на прибирањето на податоци како услов кој ќе им овозможи користење на мрежата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП