18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБлаг раст на невработеноста во Шпанија

Благ раст на невработеноста во Шпанија

shpanijaspanija544454

Невработеноста во Шпанија благо порасна во февруари, главно поради растот на бројот на невработени во секторот за земјоделство, соопшти владата во Мадрид.

Бројот на невработени во февруари порасна на месечно ниво за 2,231 лица, или 0,05 проценти, на 4,15 милиони, се наведува во соопштението на шпанското Министерство за труд, пренесува агенцијата Франс прес.

Станува збор за прво зголемување на бројот на невработени во месец февруари од 2013 година.

Бројот на невработени во секторот за земјоделство порасна за 14,029 лица, но во секторот за градежништво падна за 6,724, а во услужниот сектор за 9,753 лица.

Шпанија беше тешко погодена со глобалната финансиска криза, искусувајќи пет тешки години рецесија, која предизвика стапката на невработеност да се искачи од ниво од околу осум проценти во 2007 на рекордни 27 проценти во 2013 година.

Стапката на невработеност во Шпанија минатата година евидентираше рекорден пад, бидејќи се намали за речиси три проценти, на 20,9 проценти, но и покрај тоа сеуште е на највисокото ниво во еврозоната, зад Грција, наведува Франс прес.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП