4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија договори замрзнување на производството на нафта

Русија договори замрзнување на производството на нафта

nafta 94

Замрзнување на производството на нафта на јануарското ниво е договорено во Русија за ова година, соопшти рускиот претседател Владимир Путин.

Тој рече дека со нафтените компании е договорено производството на нафта ова година да не се зголемува.

„Се сретнавме со управите на нашите нафтени компании. Постигнат е договор оваа година производството на нафта да го држиме на јануарското ниво“, рече Путин.

Рускиот претседател додаде дека ќе продолжат разговорите со партнерите од странство за ограничување на производството на нафта заради стабилизација на цените.

Саудиска Арабија, Русија, Венецуела и Катар минатиот месец постигнаа договор за ограничување на производството на нафта, но под услов и другите производители тоа да го сторат, што Иран веднаш го отфрли.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП