27 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајголем раст на цените на луксузни имоти во 2015-та забележа Ванкувер

Најголем раст на цените на луксузни имоти во 2015-та забележа Ванкувер

gradici 33

Ванкувер е пазарот со најсилен раст на цените на луксузните станови во светот. Во минатата година цените на првокласното домување во градот се зголеми за 24,5% на годишна основа, покажуваат податоците на консултантската компанија „Knight Frank“, пренесува „CNBC

Лидерската позиција на градот се објаснува со недостатокот на понуда во позадина на зголемената побарувачка, особено од страна на странски инвеститори поради слабиот канадски долар, се наведува во најновиот извештај на компанијата за концентрацијата на богатството „The Wealth Report 2016“.

vunki 32

Втората позиција е за Сиднеј со раст од речиси 15 отсто, а третата позиција е за Шангај со малку над 14 отсто. Топ пет се дополнува од Истанбул и Минхен, а првите десет – од Мелбурн, Сан Франциско, Оукланд, Амстердам и Монако.

Истовремено Лагос, кој редовно присуствуваше во топ 10 на листата, е на дното на листата со 20% годишен пад на цените на првокласното домување. Главен катализатор за пресвртот е падот на цените на нафтата, како и зајакнувањето на доларот.

Втор по пад на цените на луксузните станови е Буенос Аирес – 8 отсто, како и насекаде исто се објаснува со падот на цените на суровините. Меѓу пазарите со негативни трендови се редат уште Дубаи, Тајпеј, Женева, Хонгконг, Кан, Париз, Милано и други.

luksi 3

Минатата година била измешана за некои од најважните пазари на луксузни станбени недвижности во светот, се наведува во извештајот. На глобално ниво, просечниот раст на цените на луксузните станови е забавен до 1,8% во минатата година од 2% во 2014-та година.

Цените на првокласните станови се намалија во 34% од испитаните 100 водечки светски пазари, како 22% од нив се наоѓаат во Европа. Меѓу нив се и најпопуларните дестинации за купување на втор дом на Стариот континент – различни региони во Шпанија, Италија, Португалија и Франција.

Најдобрите пазарите од Западна Европа се Минхен, Амстердам, Монако и Берлин. Пазарот во централен Лондон, исто така е на позитивна територија, иако растот на цените во минатата година е забавен до 1%.

sqm111

Истовремено Монако останува град со највисоки цени на луксузните станови, посочуваат од компанијата. Во 2015-та година со 1 милион долари купувачите можеле да се здобијат со 17 км2 станбена површина. Во Хонгконг со истата сума купувачите можеле да се здобијат 20 км2, а во Лондон – 22 км2. Топ 10 најскапи пазари се дополнуваат од Њујорк, Женева, Сиднеј, Сингапур, Шангај, Париз и Пекинг.

Истовремено, од другата страна во Кејптаун со 1 милион долари минатата година можеа да се купат 255 км2 станбена површина. Во Сао Паоло во Бразил за истата сума се купува 203 км2, а во Мумбаи – 99 км2.

„Златната средина“ се Рим и Мајами, каде со 1 милион долари купувачите можат да се здобијат со соодветно 75 и 77 км2 станбена површина.

rima3

Добрите можности за корисни за оние кои се занимаваат со луксузни имоти во моментов, главно на некои од европските пазари, претежно во јужна Франција, како и во Алпите, кои се уште се опоравуваат од глобалната финансиска криза во 2008-ма година.

Меѓу повеќето пазари во оваа година се очекува да се вклучат Виетнам, Филипини и Јапонија. За Европа, како лидер во оваа година ќе се претстават пазарите на луксузен имот во Германија, како и главниот град на Шпанија, Мадрид.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП