23 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗголемените резерви во САД ја задржаа цената на нафтата под 37 долари

Зголемените резерви во САД ја задржаа цената на нафтата под 37 долари

nafta kop

Цената на нафтата се задржа во средата на светските берзи под ниво од 37 долари по барел со оглед дека податокот за посилниот скок на резервите во САД ги засени дипломатските настојувања на големите производители да се ограничи понудата.

На лондонскиот пазар цената на барелот падна за 33 центи во однос на претходното затворање и изнесуваше 36,48 долари. Вчера тргувањето го заклучи на највисоко ниво за речиси два месеца, од 37,25 долари. На американската берза со барелот се тргува по 71 цент пониска цена, од 33, 69 долари.

Американските резерви на сирови нафта скокнаа минатата недела за 9,9 милијарди барели, објави во вторникот API, што е значително повеќе од што очекуваа аналитичарите.

„Силниот раст на резервите од извештајот на API објаснува зошто цената на американскиот пазар паѓа повеќе од онаа на лондонскиот“, вели Карстен Фрич од Commerzbank.

Трговците будно ќе го следат извештајот на американската влада за резервите, кој ќе биде објавен до крајот на денот.

Скокот на резервите во САД ги неутрализираше засилените дипломатски настојувања на водечките производители да го решат проблемот со прекумерното снабдување. Саудиска Арабија, Катар, Венецуела и Русија објавија кон средината на февруари дека ќе го замрзнат производството на јануарско ниво. Исто така договорија дека повторно ќе се состанат кон средината на март.

Русија веќе сигнализираше дека ќе го почитува планот за замрзнување на производството, објавувајќи дека нејзиното производство во февруари беше речиси непроменето во однос на претходниот месец. Саудиска Арабија се уште не ги објави податоците за производството.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП