10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајавено ново намалување на цените на лековите

Најавено ново намалување на цените на лековите

apteka2

На крајот на март ќе има намалување на цените на одредени лекови, најави во среда претседателот на ВМРО­ ДПМНЕ Никола Груевски, при посетата на Општина Карпош.

Покрај ова, Груевски рече дека во 2016 година ќе има и уште едно намалување на цените на лековите.

„Што се однесува на досега намалените цени, има заштеда кај граѓаните од вкупно 33 милиони евра кои останаа во џебовите на граѓаните наместо да завршат кај фармацевтските трговски куќи. Од тој аспект се направи огромна заштеда и се покажа дека лековите можеле да бидат многу поевтини од тоа што беа во едно друго време“, рече Груевски.

Досега, намалување на цените има кај 4.700 лекови, а до крајот на овој месец, ќе се објави уште едно намалување.

„Во моментов во Министерството за здравство се работи на утврдување на точно кои лекови. Сé уште има простор за намалување на цените, така што бројот на лекови кај кои ќе се намали цената ќе биде објавен на крајот на месецот, како и вредноста која како заштеда ќе остане кај граѓаните“, рече Груевски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП