22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАШвајцарската економија закрепна на крајот на 2015-та година

Швајцарската економија закрепна на крајот на 2015-та година

svajci 33

Швајцарската економија закрепна во четвртиот квартал од минатата година со поддршка на домашната потрошувачка, што покажува дека државата успешно го преброди неповолното влијание на посилниот франк и последиците од слабиот извоз.

Швајцарскиот бруто домашен производ (БДП) порасна во последното тромесечје за 0,4 отсто во однос на претходните три месеци кога според ревидираните податоци на министерството за економија се намалени за 0,1 отсто.

Растот на активностите на крајот на 2015 година беше најсилен во последната година и ги надмина очекувањата на економистите.

Инвестициите на компаниите во опрема се намалени за 0,9 отсто, покажуваат податоците.

Извозот на стоки на крајот на годината е зголемен за 2,9 отсто, поттикнат од засилените испораки на хемиски и фармацевтски производи. Посилен раст е забележан во ставката увоз, за 4,2 отсто, и покрај падот на увозот на возилата и часовници.

Извозот на услуги е намален за 3,2 отсто, а увозот на услуги за 0,3 отсто.

На годишно ниво, растот на БДП во последното минатогодишно тромесечје е преполовен во однос на претходните три месеци и изнесуваше 0,4 отсто.

Во цела мината година економските активности пораснале само за 0,9 отсто, во однос на 1,9 отсто забележани во 2014 година. За оваа годишна Швајцарската народна банка (SNB) прогнозира раст на економијата од околу 1,5 отсто.

Во јануари минатата година SNB неочекувано го укина минималниот курс од 1,2 франци за евро, што резултираше со силен раст на вредноста на валутата, поради што беше погоден извозот.

SNB ги држи клучните каматни стапки во негативно подрачје, а интервенира и на девизниот пазар за да го контролира курсот на франкот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП