19 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАMoody's ги снижи изгледите за кинескиот рејтинг

Moody’s ги снижи изгледите за кинескиот рејтинг

moodys124kjuhy

Меѓународната агенција за рејтинг Moody’s ги снижи во средата изгледите за кредитниот рејтинг на Кина од стабилни во негативни, наведувајќи ги меѓу причините неизвесноста во врска со способноста на кинеската влада да ги спроведат економските реформи, со растечки државен долг и намалување на резервите.

Агенцијата сепак го задржа постоечкиот кинески рејтинг на ниво од Aa3, напоменувајќи дека огромните резерви на Кина оставаат доволно време за спроведување на реформите и за постепено отстранување на неравнотежата во економијата.

Од агенцијата, меѓутоа, предупредуваат дека би можеле да го намалат рејтингот доколку забави спроведувањето на реформите кои се потребни за поттикнување на одржлив раст на економските активности и за заштита на државните биланси.

„Без веродостојни и ефикасни реформи кинескиот бруто домашен производ (БДП) поизразено би забавил, со оглед на големата задолженост која ги притиска деловните инвестиции и се понеповолните демографски движења. Државниот долг би растел посилно од што моментно проценуваме“, се наведува во извештајот.

Агенцијата меѓу факторите заслужни за намалување на изгледите се издвојува очекувањата за натамошно слабеење на падот на кинеските државни резерви кои во последните 18 месеци се намалени за 762 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП