23 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНООбјавени номинациите Лауреус

Објавени номинациите Лауреус

laureus 33

Престижната награда Лауреус, за најдобар светски спортист и спортистка, оваа година ќе се одржи на 18-ти април во Берлин, а денеска беа објавени номинациите.

Во конкуренција за спортист на годината се Новак Ѓоковиќ (тенис), кој беше лауреат минатата година, потоа Стеф Кари (кошарка), најдобриот светски фудбалер Лионел Меси, Ф1 шампионот Луис Хамилтон, најбрзиот човек во светот Усеин Болт и најдобриот светски голфер Џордан Спит.

За наградата Лауреус, во конкуренција на спортски номинации добија: Серена Вилијамс (тенис), Карли Лојд (фудбал), Ана Фенингер (скијање), Шели Ен Фрејсер-Прајс (атлетика) и Ганзебе Дибаба (атлетика).

Меѓу номинираните за најдобар тим: Барселона (фудбал), Голден Стејт Вориорс (кошарка), Мерцедес (Формула 1), тениската репрезентација на Велика Британија, рагби репрезентацијата на Нов Зеланд и женската фудбалска репрезентација на САД.

Лауреус ќе го избира и повратникот на годината, во конкуренција на Ден Картер (рагби), Џесика Елис-Хил (атлетика), Мик Фанинг (сурфер), Мајкл Фелпс (пливање), Дејвид Рудиша (атлетика) и Линдзи Вон (скијање).

Исто така, Лауреус ја доделува и наградата „пробив на годината“, а номинирани се: фудбалската репрезентација на Чиле, голферот Џејсон Деј, боксерот Тајсон Фјури, пливачот Адам Пити, голферот Џордан Спит и Формула 1 возачот Макс Ферстапен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП