5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Колкави се приходите на светските криминални мрежи?

График на денот: Колкави се приходите на светските криминални мрежи?

kriminali 000

Јасно е дека криминалните мрежи заработуваат огромни суми на пари секоја година. Прашањето сепак е колку точно изнесуваат тие, коментира „Statista“.

Криминални групи вртат 20 милијарди евра годишно од шверц на диви животни

Тешко е, се разбира, да се откријат точните бројки. Според пресметките на Канцеларијата на ОН за дрога и криминал сепак, трговијата со дрога, фалсификувањето и други форми на незаконска трговија носат по 870 милијарди долари секоја година. А тоа е еднакво на 1,5% од светскиот бруто домашен производ.

Информативниот сајт „Brink“ неодамна објави листа со 12 видови незаконска трговија, која ја состави „Global Financial Integrity“, според која резултатите се малку пониски.

Истражувањето открива дека трговијата со дрога носи приходи од 320 милијарди долари годишно на светските криминални мрежи, приходите од фалсификати изнесуваат 250 милијарди долари, а од принудна работа околу 150 милијарди долари. Доста поназад е нелегалната трговија со нафта (10,8 милијарди долари), проследено со шверцот на диви животни (10 милијарди долари).

Во опсегот на истражувањето беше и незаконскиот риболов, приходи кои се проценуваат на 9,5 милијарди долари, нелегалната трговија со дрво (7 милијарди долари), со уметнички предмети (6,3 милијарди долари), злато (2,3 милијарди долари), човечки органи (1,2 милијарди долари), оружје (1 милијарда долари) и дијаманти (900 милиони долари).

Приближните годишни приходи од различните видови незаконска активност.

kriminali 001

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП