14 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈААзиските берзи силно пораснаа, доларот зајакна

Азиските берзи силно пораснаа, доларот зајакна

berzi azija 2994

На азиските берзи во средата цените на акциите силно пораснаа, бидејќи инвеститорите се охрабрија од солидните економски показатели од американската економија и скокот на берзанските индекси на Волстрит за повеќе од 2 отсто.

На Токиската берза индексот Nikkei во средата претпладнето повеќе од 4 отсто, додека цените на акциите во Сингапур, Јужна Кореја, Австрија, Хонгконг и Шангај пораснаа меѓу 0,9 и 2,7 отсто. Благодарејќи на тоа, MSCI индексот на азиско-пацифичките берзи без јапонските, беше во добивка 2 отсто, достигнувајќи го највисокото ниво во два месеца.

Азиските вложувачи беа охрабрени од вторничниот скок на берзанските индекси на Волстрит за повеќе од 2 отсто, најмногу во последниот месец дена, благодарејќи на сигналите за забрзување на растот на американската економија по забавувањето во последниот лански квартал. Активностите во производствениот сектор во САД во февруари останале слаби, но податоците за растот на новите нарачки и подобрувањето на резервите укажуваат на стабилизацијата на тој сектор.

Вложувачите се охрабрени и од податоците за растот на потрошувачите во градежништвото по најголемата стапка од 2007 година, како и силната продажба на автомобили. Заедно со низата други податоци, тоа покажува дека растот на најголемата светска економија во првиот квартал од годинава може да достигне 2 отсто, откако во последното ланско тримесечје забави на 1 отсто.

Позитивно на пазарите влијаеше и продолжувањето на растот на цената на нафтата на лондонскиот пазар, која во средата претпладнето достигна 37,25 долари за барел, највисокото ниво во последните осум седмици. Така сега е повеќе од 10 долари или 37,5 отсто над 27,21 долари, од најниското ниво во последните 12 години на кое се лизна во ноември. На американскиот пазар, пак, цената на барелот достигна 34,76 долари, највисокото ниво во месец дена, и покрај податоците кои покажуваат дека резервите од нафта во САД и натаму растат, иако веќе достигнаа рекордни нивоа.

А на валутните пазари доларот зајакна по сигналите за забрзување на растот на американската економија, бидејќи тоа ги зголемува шансите американската централна банка, сепак, годинава да продолжи со зголемувањето на каматите.

Курсот на доларот во средата претпладнето достигна 113,85 јени, додека во вторникот во истиот период од денот изнесуваше 112,60 јени. Американската валута зајакна и кон доларот, па цената на еврото се лизна од вчерашните 1,0885, во близина на најниските нивоа во последните четири седмици.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП