10 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИIDC ја намали прогнозата за пазарот на смартфони за 2016-та година

IDC ја намали прогнозата за пазарот на смартфони за 2016-та година

smartphone_23041

Компанијата за пазарни анализи „IDC“ ја намали прогнозата за растот на пазарот на паметни телефони во 2016-та година до 1,5 милијарди уреди, што е пад од 1,3%, или 20,6 милиони единици, во однос на прогнозата од третиот квартал. Ова преиспитување се должи на намалување на прогнозата на „IDC“ за растот на пазарите во Индија и Блискиот Исток и Африка.

„IDC“ ја намали својата комбинирана прогноза за 21,2 милиони единици за овие два региона, а тоа според „Bloomberg Intelligence“ се одразува на зголемената валутна слабост во Индија и забавувањето на економскиот раст во Блискиот Исток. Сега прогнозата предвидува раст на пазарите таму со 5,7% на годишна основа во однос на растот од 7,8% од предвидувањето во претходниот квартал.

„Samsung“, „Apple“, „Micromax“ и „Huawei“ се меѓу најголемите продавачи на смартфони во Индија и Блискиот Исток и Африка во 2015-та година според „IDC“. Тие се најмногу изложени на забавувањето на растот на овие пазари. „Lenovo“, „TCL“ и „Xiaomi“ исто така се ранливи.

smrti 3

Зголемената стапка на пенетрација на уреди со „4G“ во Кина е добар знак за „Apple“, „Huawei“ и „Xiaomi“, затоа што овие производители владеат со поголемиот дел од кинескиот „4G“ пазар во 2015-та година со вкупен удел од 43,3%.

„IDC“ ја зголеми прогнозата за продажбата на смартфони во Кина во позадина на очекувањето дека ширењето на „4G“ телефоните ќе расте побрзо отколку порано предвидените податоци за периодот од 2016-та година до 2019-та година.

„IDC“ ги зголеми прогнозите за растот на продажбата на „4G“ смартфони во 2016-та година со 78 базични поени до 4,2% на годишна основа, или 441,2 милиони единици, што е доста повисоко ниво од претходната прогноза за раст од 3, 4%, или 433,7 милиони единици.

„Apple“, „Huawei“ и „Xiaomi“ се лидери на во 2015-та година на пазарот на „4G“ смартфони во Кина и ќе го почувствуваат најмногу сериозно растот во овој сегмент. „Samsung“, „Coolpad“, „Lenovo“ и „Meizu“ (делумно во сопственост на „Alibaba“) се исто така меѓу водечките провајдери на „4G“ смартфони во Кина, појаснува „Bloomberg Intelligence“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП