29 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајавата за дивиденда ја раздвижи акцијата на Комерцијална банка

Најавата за дивиденда ја раздвижи акцијата на Комерцијална банка

mk berza

По објавената информација за закажано Собрание на акционери, каде меѓу останатите одлуки има и предлог одлука за исплата на дивиденда од 125 денари по акција, акцијата на Комерцијална банка се најде на врвот на најтргувани акции во вторникот со учество од околу 30 отсто во вкупниот промет на берзата.

Вкупно беа истргувани 1733 акции по просечна цена од 2403,66, а во еден момент цената достигна и 2430 денари. Од останатите акциите најмногу се тргуваше со Пелагонија Струмица и НЛБ Тутунска Банка АД Скопје.

НЛБ Тутунска Банка АД Скопје во вторникот ги објави неревидираните финансиски извештаи за периодот 01.01.2015 до 31.12.2015, каде е евидентирана нето добивка од 13,5 милиони евра.

МБИД и во вчера заврши во позитива со раст од 0,07 проценти, додека ОМБ бележи пад од 0,02 отсто.

Позитивно изненади акцијата на Макстил Скопје со раст цели 10 отсто со истргувана количина од 100 акции. Вкупно се тргуваше со 19 хартии од вредност, од кои 7 забележаа раст, 5 беа во пад, додека 7 хартии завршија без промена на вредноста.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП