25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНа Порше им се доволни седум модели

На Порше им се доволни седум модели

pos

Шефот на Порше, Матијас Милер изјавил дека целта на овој автомобилски гигант е во својата гама да има седум модели.

„Имајќи предвид дека во денешно време животниот циклус на една генерација на возила изнесува околу седум години, идеално би било да имаме и толкав број на модели. Тоа би ни овозможило секоја година да претставуваме нова генерација на еден од тие седум модели“, рекол Милер.

Според него шестиот модел во актуелната гама би можел да биде спортски автомобил позициониран меѓу Порше 911 и Спајдер 918, а додека местото за седмиот модел се чува за помалата верзија на Панамера, чие име ќе биде Панамера Јуниор.

Кога станува збор за нов суперавтомобил, Милер соопшти дека од Порше несакаат да брзаат со неговата реализација, туку дека внимателно ќе ги завршуваат проектите еден по еден.

Тој исто така потврди дека хибрид-технологијата ќе игра значајна улога во иднината на компанијата. Новиот таканарачен хибрид ќе се појави во Панамера, а подоцна ќе биде применет и во двата СУВ модели, Кајен и Макан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП