ПочетнаЕКОНОМИЈАТурски бизнисмени во посета на Ѓорче Петров

Турски бизнисмени во посета на Ѓорче Петров

бизнисмени

Група бизнисмени од градот Измир, Р. Турција ја посетија општината Ѓорче Петров.

На средбата со градоначалникот Сокол Митровски се разговараше за можностите и условите за инвестирање во општината и на територијата на градот Скопје.

Турските бизнисмени ги предводеше Имет Хочоглу , нашинец по потекло од селото Ростуше кој сака својот бизнис да го прошири и во Македонја, но воедно беше заинтересиран и за непосредна проширена средба на Македонците кои живеат во Измир, а ги има повеќе од еден милион во овој 4 милионски турски град.

На средбата беше договорено општинска делегација да го посети Измир каде би се сретнала и со градоначалникот на градот кој исто така, е заинтересиран за поблиска соработка на сите нивоа со општината Ѓорче Петров, но и со градот Скопје.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП