10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНад 1 илјада милијарди долари инвестирале Кинезите во активи во странство

Над 1 илјада милијарди долари инвестирале Кинезите во активи во странство

kina invest 33

Кинезите имаат инвестирано малку над 1 илјада милијарди долари во имот, акции и обврзници во странство од средината на 2005-та до средината на 2015-та година, покажуваат податоците на консултантската компанија „Knight Frank“ вклучени во годишниот извештај на компанијата – „The Wealth Report“.

Заканата за забавување на кинеската економија ги охрабрува граѓаните од земјата и бизнисмените да го зајакнат трансферот на богатство во странство, што е уште еден предизвик пред властите во Пекинг, забележува „Reuters“.

Лиам Бејли од „Knight Frank“ наведува дека кинеските инвеститори се активираа на пазарот на недвижности во Велика Британија, најмногу во последните три години, во обид да ги прошират своите паричници. Според него, во моментов Кинезите се најголемата група активни купувачи на пазарот на недвижности во Лондон.

Нивната активност продолжува да се засилува, иако некои банки, меѓу кои „HSBC“, „Standard Chartered“ и „DBS Group Holdings“, го ограничија нудењето на хипотеки за некои кинески државјани.

Бејли очекува кинеските инвестиции во имот во Велика Британија и САД да се зајакнат во следните десет години. Волумените сепак многу ќе зависат од одлуките на централната влада во Пекинг.

„Големиот проблем на кинеската влада е балансот помеѓу желбата да ги контролира инвестициите во странство и „балонот“ кај цените на активата во Кина“, вели аналитичарот. Тој додава дека како ќе им се овозможи на кинеските инвеститори да ги прошират своите паричници, власта ќе помогне за олеснување на тензиите на локалниот пазар на средства.

Инвеститорите од уште четири држави вложиле повеќе од 1 илјада милијарди долари во средства во странство за истиот период, покажуваат податоците на консултантската компанија. Британците пример се „изнеле“ од земјата 1,88 илјади милијарди долари, Ирците – 1,32 илјади милијарди долари, а граѓаните на Хонгконг – 1,7 илјади милијарди долари.

Неспорни шампиони сепак се Американците со инвестиции во износ над 7,3 илјади милијарди долари за споменатата деценија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП