16 април, 2025
ПочетнаКАРИЕРАПравила кои при барањето на работа можете да ги прекршите

Правила кои при барањето на работа можете да ги прекршите

circle-resume-o

Единствено правило при пишувањето на CV од кое никако не смеете да отстапите е граматички и правописно коректно CV. Останатите правила се малку пофлексибилни и можат да се направат исклучоци.

Правило бр.1 – Биографијата напишете ја на една страница

Исклучок: Ако барате работа, а имате високо образование, усовршување и повеќе од пет години работно искуство, тогаш една страна можеби нема да ви биде доволна.

Правило бр.2 – Избегнувајте испраќање на биографија во fancy формат

Исклучок: Ако се пријавувате за некое креативно работно место, како дизајнер и сл. тогаш потребно е и сосема е во ред да испратите биографија со уникатен дизајн и формат.

Правило бр.3 – Не се пријавувајте за работа за која го немате бараното искуство

Исклучок: Работодавците многу често се поведуваат од инутицијата кога вработуваат нов работник, па ако мислите дека имате личност со која ќе се истакнете, тогаш испратете молба за работа.

Правило бр.4 – Подгответе говор за себе и своите квалитети

Исклучок: Кога работодавецот ви вели „Кажете нешто за себе“ тогаш одговорот прилагодите го на ситуацијата и позицијата за која аплицирате. Тоа е многу подобро отколку да го повторите она што сте го подготвиле или што го пишува во биографијата.

Правило бр.5 – Никогаш немојте да кажувате ништо негативно за поранешниот работодавец

Исклучок: Ако негативните деталите и состојбата се објективно точни тогаш можете да ги кажете, на пример, ако сте ја напуштиле работата во краток рок бидејќи бившиот шеф навлегувал во вашата приватност и сл.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП