17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија челична, не и можат ништо ниту мигрантите

Германија челична, не и можат ништо ниту мигрантите

germanija-dobra-sostojba-germany

Невработеноста во Германија во месец февруари се задржа на рекордно ниско ниво и покрај големиот прилив на мигранти, бидејќи закрепнувањето на најголемата европска економија продолжува.

Податоците покажуваат дека стапката на невработеност во февруари изнесувала 6,2 проценти, како и во месец јануари, што е најниското ниво од обединувањето на западна и источна Германија во 1990 година, според податоците на германската агенција за вработување, пренесува Франс прес.

Бројот на невработени во Германија, според десезонираните податоци, паднал за 10.000, на 2.723 милиони, се наведува во соопштението на агенцијата.

И според неприлагодените податоци, невработеноста е намалена, за 9,250 на 2,91 милион, додека стапката на невработеност паднала на 6,6 проценти во февруари од јануарските 6,7 проценти.

„Германската економија во 2015 година ја карактеризираше умерен тренд на растот. Пазарот на труд продолжува позитивно да се развива“, се наведува во соопштението на агенцијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП