18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОсигурување МАКЕДОНИЈА а.д. Скопје со одлични резултати за 2015 година

Осигурување МАКЕДОНИЈА а.д. Скопје со одлични резултати за 2015 година

aaa

Осигурување МАКЕДОНИЈА а.д. Скопје – Виена Иншуренс Груп работењето во 2015 година го заврши со добивка пред оданочување во износ од 267.6 милиони денари.

За 2014 година Друштвото оствари добивка пред оданочување во износ од 98,2 милиони денари.

Бруто полисираната премија во износ од 923,4 милиони денари бележи пораст во однос на предходна година од 6 %.

Бруто полисираната премија корегирана со движењето во резервата на преносна премија и делот за реосигурување во 2015 ја чинат заработената премија во износ од 550,5 милони денари која е за 11% пониска од 2014 година.

Заработената премија, приходите од вложување, приходите од други работи на осигурување и останатите приходи ги чинат вкупниот приход на Друштвото во износ од една милијарда денари.

Наведените позиции во 2015 во однос на 2014 не белжат битни движења со исклучок а останатите односно вонредни приходи во износ од 194 милиони денари.

Вкупните расходи во 2015 година во износ од 742,4 милиони денари се помали за 5% во однос на 2014 година.

Вкупните расходи ги сочинуваат надоместоците за штети, трошоците за спроведување на осигурување, трошоците за вложување и останати расходи .

Бруто исплатените штети како највисока ставка во вкупните расходи во износ од 395,2 милиони денари се за 19% поголеми во однос на 2014 година.

Основна цел на на Друштвото во 2016 год е да се зголеми обемот на квалитетни осигуреници што ќе придонесе до задржување на трендот на остварување позитивен финансиски резултат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП