18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПутин: Со цената на нафтата диригираат економски и шпекулативни фактори

Путин: Со цената на нафтата диригираат економски и шпекулативни фактори

Russia's President Putin speaks at the CIS summit in Minsk

На цената на нафтата влијаат фундаментални економски и шпекулативни фактори, изјави во вторникот рускиот претседател Владимир Путин на состанокот со претставниците на руската нафтена индустрија.

„Моментно гледаме дека глобалниот пазар на нафта и гас е нестабилен. На него влијаат фундаменталните економски фактори, на прво место мислам на забавување на економскиот раст, но и шпекулативни фактори“, рече Путин.

Тој додаде дека руските компании се согласуваат со идејата за замрзнување на нивото на производство на нафта, што официјална Москва го договори со меѓународните партнери.

Истовремено Путин рече и дека руската нафтена компанија оствари стабилен развој во минатата година.

„Генерално гледано, руската нафтена индустрија во 2015 година покажа дека се развива стабилно. Минатата година, произведени се рекордни 534 милиони тони нафта, што е за 1,4 отсто повеќе во однос на 2014 година“, рече Путин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП