22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКурсот на еврото под притисок, во фокусот на ЕЦБ

Курсот на еврото под притисок, во фокусот на ЕЦБ

grcija evro 003

Курсот на еврото во вторникот на светските берзи падна на најниско ниво за речиси три години во однос на јенот, по слабите вести од економијата на еврозоната, што е нов аргумент на Европската централна банка (ЕЦБ) дека во следната недела ќе објави нов сет на монетарни поттикнувања.

Еврото во еден момент се намали на 122,085 јени, најниско ниво од април 2013 година. Подоцна се стабилизира на 122,73 јени, што значи дека зајакна за 0,2 отсто во споредба со претходниот ден.

Еврото остана под притисок кон доларот и фунтата откако најновиот податок на Eurostat за инфлацијата во февруари се покажа послаб од што се очекуваше. Се намали за натамошни 0,1 отсто кон доларот, на 1,0861 долари, откако во понеделникот накратко падна на најниско ниво за четири недели од 1,0859 долари. Фунтата во такви околности донекаде се стабилизираше кон еврото, со кое се тргуваше по 78 пени.

Доларот зајакна за благи 0,1 отсто кон јенот, на 112,75 јени.

Најновиот извештај за PMI индексот покажува дека растот на активностите во производниот сектор на еврозоната е на најниско ниво во последните години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП