4 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонија бара пари од ЕУ за Коридорот 8 кон Бугарија

Македонија бара пари од ЕУ за Коридорот 8 кон Бугарија

mislajlovski 3532563

Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски и заменик министерот за економија Христијан Делев, во вторник присуствуваа на состанокот на министри за транспорт и енергетика од Западен Балкан што се одржа во Брисел во организација на Комесарот за проширување на Европската Комисија, Јоханес Хан.

Мисајловски ги презентираше приоритетните инфраструктурни проекти што треба да се реализираат во Македонија во следниот период, а за кои ќе се бара финансиска поддршка од Европската Унија. На состанокот, министерот Мисајловски потенцираше дека најголем приоритет во моментов има затворање на финансиската конструкција за изградба на пруга на Коридорот 8 и поврзување со Република Бугарија, притоа потенцирајќи на изградба на делницата од Белјаковце до Крива Палнака како 2-ра фаза од железничкото поврзување со Република Бугарија.

Министерот информираше и за останатите мерки и активности кои се дел од процесот за поддршка на земјите од Западен Балкан.

Од состанокот произлегоа заеднички заклучоци кои се однесуваат на реализација на  проекти што се од регионално значење во насока на раст и развој на земјите од Западен Балкан како и отворање на нови работни места.

На состанокот учествуваа и министрите за транспорт и енергетика од Албанија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП