12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСобранието расправа по предлогот на ДС за минимална плата од 300 евра

Собранието расправа по предлогот на ДС за минимална плата од 300 евра

sobranie nova

Пратениците во македонското Собрание денеска на пленарна седница расправаат за измени на Законот за минимална плата, при што се предлага минималната плата да изнесува 300 евра (18.000 денари).

„За Демократскиот сојуз, а верувам и за другите партии, врвен приоритет е подобрување на стандардот на граѓаните, како основен предуслов за раздвижување на сите позитивни процеси во државата, посебно економскиот развој и зголемување на продуктивноста“, рече предлагачот на законските измени, Павле Трајанов.

Тој истакна дека според процените на Синдикатот, за основните животни потреби на едно семејство, потребни се околу 500 евра.

„Ниските плати не ги мотивираат вработените, негативно влијаат на продуктивноста, иновациите, потоа младите и креативни кадри заминуваат во странство и слично, поради што ќе останеме без стручни кадри кои треба да бидат движечка сила на економскиот развој во Македонија“, рече Трајанов.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП