18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на нафтата над 36 долари, Кина дополнително ја ублажи монетарната политика

Цената на нафтата над 36 долари, Кина дополнително ја ублажи монетарната политика

nafta 93939

Дополнителното ублажување на монетарната политика во Кина ги задржа во вторникот високите цени на нафтата над 36 долари, подгрејувајќи ги очекувањата за можно јакнење на побарувачката во најголемиот потрошувач на светот, а дополнителна поддршка пружија и сигналите за пад на прекумерната понуда.

На лондонската берза цената на барелот остана речиси непроменета во однос на претходното затворање и изнесуваше 36,59 долари. Вчера преговорите за испорака во мај го заклучија тргувањето во плус 1,13 долари. Позначителни промени нема ниту на американскиот пазар, каде со барелот се тргува по 33,96 долари. Вчера тргувањето го заврши во плус од 97 центи.

Берзите вчера ги поттикна одлуката на Кина за намалување на задолжителните резерви за банките за да се поттикне кредитирањето и да се поттикне растот. Со тоа по некои процени одмрзнати се околу 100 милијарди долари готовина.

Денеска на оваа одлука се надоврза податокот на ирачкото министерство за нафта за намалување на извозот од полиња на југот на земјата во февруари, на просечни 3,225 милиони барели дневно. Падот е видлив во истражувањето на Reuters, според кое производството на OPEC во февруари се спушти од највисоко ниво во последните години, на 32,37 милиони барели дневно.

Ова го придуши стравувањето од дополнително заострување на проблемот со прекумерната понуда, особено во контекст на одвоениот податок на американската влада според кој производството на сирова нафта во декември е намалено трет месец по ред, за 43 барели дневно, на 9,26 милиони барели дневно, најниско ниво за последната година.

„Цената на нафтата расте поради кинеската одлука за намалување на стапката на задолжителни резерви (за банките) и извештајот за намалување на производството на нафта“, констатира Тамаш Варга од лондонската брокерска куќа PVM Oil Associates.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП