5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСветски мега проект: Никнува најголемиот аеродром во светот (фото+видео)

Светски мега проект: Никнува најголемиот аеродром во светот (фото+видео)

mega proekt 0000

Изградбата на третиот аеродром во Истанбул се одвива според планираниот тек, а моментално на тој мега проект работат близу 13.000 работници од 15 држави од целиот свет.

mega proekt 0111

Првиот дел од идниот најголем аеродром на светот ќе биде отворен во февруари 2018-та година. За големината говори и сликата од птичја перспектива, а првиот дел од аеродромот ќе има капацитет од 200 милиони патници годишно.

mega proekt 0222

Во следниот период најголемите работи во изградбата на аеродромот ќе ги извршуваат и до 30.000 луѓе.

mega proekt 0333

Станува збор за проект вреден 10,25 милијарди евра и аеродром кој според својата форма и содржини ќе биде мал град и ќе има годишен капацитет од 150 милиони патници.

mega proekt 0444

Паркинг простор за 500 авиони и 70.000 возила, шест писти и 12 такси патишта се само некои од неговите содржини во изградбата на просторот од 76,5 милиони метри квадратни.

Локалните власти и изведувачите на работите особена грижа водат и за заштитата на околината, па секое стебло се пресадува на друга локација во Истанбул, а најавено е и засадување на по пет садници за секое старо стебло. Секое пресечено дрво се заведува во евиденцијата и поради тоа е најавено садење на повеќе од 10 милиони садници на различни локалитети во Турција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП