18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААргентина по 15 години постигна договор со инвеститорите

Аргентина по 15 години постигна договор со инвеститорите

Buenos-Aires-Tourism3

Аргентина во понеделникот потпиша договор со американските хеџ фондови со кој ќе го реши долгорочниот спор околу исплатата на милијарди долгови и така повторно ќе може да се задолжува на светските финансиски пазари.

Аргентина според договорот ќе исплати 4,6 милијарди долари на фондовите кои ја тужеа државата. Овие фондови евтино ги купија аргентинските обврзници откако државата објави банкрот во 2011 година, а потоа одбија да ги реструктуираат долговите, барајќи од владата целосно да ги исплати.

Претходната влада на претседателката Кристина Фенандез де Киршнер одби да преговара со инвеститорите нарекувајќи ги „лешинарски фондови“.

Договорот претставува победа за Маурицио Макри, кој во декември стана аргентински претседател и во однос на својата претходничка го промени ставот кон инвеститорите.

“Големо задоволство ми е да објавам дека сме на добар пат да ја решиме 15-годишната битка меѓу Аргентина и Elliott Management“, рече посредникот на судот по службена должност, Даниел Полак.

Долгогодишниот спор со фондовите NML, Capital и Aurelius Capital Management го ограничи пристапот на Аргентина до меѓународните пазари на капитал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП