28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААкција за враќање на драхмата

Акција за враќање на драхмата

atina2

Грчкиот политичар Алекос Алаванос формираше нова партија „План Б“, која ќе се залага за враќањето на старата валута во земјата – драхмата.

Алаванос изјави дека мерките за штедење на земјата и нанеле долготрајна штета, како и членството во еврозоната, која е сочинета од 17 европски земји кои еврото го користат за валута, повеќе не е во националниот интерес на Грција.

Алаванос (63) ја предводеше левичарската партија „Сириза“ од 2004 до 2008 година. Моментално најсилната опозициска партија „Сириза“ има мала предност во однос на владеачките конзервативци, покажуваат спроведените анкети.

Според анкетата објавена во весникот „Етнос“, јавната поддршка за Грција да остане во еврозоната е 63,5 проценти. Но, се поголем број на поддржувачи на Сириза се залагаат за враќање на драхмата.

Грција е во шестата година на рецесија, таа се бори со тешките мерки на штедење и зголемените даноци потребни за добивање на неопходната меѓународна помош за да го избегне банкротот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП