23 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа азиските берзи претпазливост и покрај поттикнувањата во Кина и растот на...

На азиските берзи претпазливост и покрај поттикнувањата во Кина и растот на нафтата

berza azija

На азиските берзи денеска цените на акциите пораснаа благодарејќи на натамошното попуштање на монетарната политика во Кина, но се тргува претпазливо бидејќи новите податоци укажуваат на продолжување на забавувањето на растот во втората според обемот светска економија.

На Токиската берза индексот Nikkei во вторникот во претпладневното тргување беше во плус околу 0,3 отсто, додека цените на акциите во Австралија, Хонгконг и Шангај пораснаа меѓу 0,8 и 1,4 отсто. Во Сингапур, пак, благо паднаа, додека во Јужна Кореја поради празниците е неработен ден. Така, индексот MSCI на азиско-пацифичките акции, без јапонските, во вторникот претпладнето е во добивка од 0,5 отсто.

Поттикнувачки на азиските пазари влијаеше вчерашната неочекувана одлука на кинеската централна банка за намалувањето на стапката за издвојување во задолжителните резерви на банките за 0,50 процентни поени, што ќе ја зголеми ликвидноста на тамошните финансиски пазар.

„Олабавувањето на монетарната политика во Кина е во согласност со посланите отколку што се очекуваше економски активности и зголемените ризици во врска со растот. Тоа краткорочно би требало да го поткрепи расположението на пазарите“, смета Џиан Чанг, аналитичар во банката „Barclays“.

Меѓутоа, на берзите во Кина не владее еуфорија, бидејќи инвеститорите се загрижени од новите показатели за забавувањето на растот на тамошната економија. Во вторникот утрото беше објавено дека PMI индексот на производствените активности во февруари паднал веќе седми месец по ред, додека активностите во услужниот сектор пораснале најбавно од крајот на 2008 година.

Поради тоа инвеститорите не беа охрабрени ниту од растот на цените на нафтата, кои во понеделникот скокнаа за околу 3 отсто. Во вторникот претпладнето ги одржуваат тие добивки, па на американскиот пазар барелот поскапи за 0,2 отсто, на 33,80 долари, додека на лондонскиот пазар цената на барелот ослабе за 0,2 отсто, на 36,50 долари.

Вложувачите се претпазливи и поради тоа што во понеделникот на Волстрит цените на акциите паднаа втор ден поред, што е последица од шпекулациите за зголемувањето на каматите во САД. Последните седмици тие шпекулации стивнаа поради забавувањето на растот на американската економија, но по последните податоци кои укажуваат на закрепнување на потрошувачката и на инфлацијата, се смета дека американската централна банка во оваа година сепак би можела уште еднаш да ги зголеми каматите. Во декември Fed првпат од 2006 година ги зголеми каматите и сигнализираше дека годинава би можел да продолжи со нормализација на монетарната политика.

А на валутните пазари под притисок е европската валута, откако во понеделникот беше објавено дека на еврозоната повторно ѝ се заканува дефлација. Поради тоа, сметаат аналитичарите, се поверојатно е дека Европската централна бана (ECB) на седницата од 10-ти март дополнително ќе ја зголеми негативната камата на депозитите на банките за да го поттикне кредитирањето, а ножно е дури и дека ќе ги зголеми програмите за купување државни обврзници.

Поради тоа курсот на еврото се лизна на 1,0885 долари, недалеку од најниското ниво во последните 30 дена, додека во понеделникот во истиот период од денот изнесуваше 1,0945 долари . Во однос на јапонската валута, пак, вената на еврото се лизна за натамошни 0,2 отсто, на 122,08, јени, најниското ниво од април 2013 година. И американската валута ослабе во однос на јапонската, па курсот ѝ се лизна од понеделничките 112,85 на 112, 60 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП