27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗа 24 часа издадени потврди на 210 мигранти

За 24 часа издадени потврди на 210 мигранти

migrantiiiiiiiicdjfvnfnvkfkjdf

Во понеделникот од страна на МВР издадени се потврди за влез во земјата на вкупно 210 странски државјани, од кои 76 од машки и 39 од женски пол, како и на 95 деца кои го придружуваат носителот на потврдата. Според државјанството, потврди се издадени на 158 државјани на Сирија и на 52 државјани на Ирак, додека нема издадено потврди на државјани на Авганистан. 

Од почетокот на годината па до 29-ти февруари, издадени се потврди на вкупно 87.840 странски државјани, од кои 34.806 се од машки пол, 19.180 се од женски и 33.639 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 215 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-43.253, Авганистан-26.546 и Ирак-18.038.

До Секторот за азил барање за признавање на право на азил поднеле 29 лицa (22 од Сирија и седум од Авганистан) врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил

Во понеделникот, пак, до Секторот за азил поднесени  се четири барања за признавање на право на азил на државјани на Сирија, врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП