10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШведска и Финска ги надминаа прогнозите за раст

Шведска и Финска ги надминаа прогнозите за раст

titit

Бруто домашниот производ (БДП) на Шведска порасна на 4,1 проценти во 2015 година, што е големо забрзување во однос на 2014 година.

Од друга страна, БДП на Финска е помал, но неочекуван, од 0,4 проценти, покажаа објавените официјални податоци.

Силниот извоз придонесе за раст на шведскиот БДП во четвртиот квартал од 4,5 проценти, соопшти шведската канцеларија за статистика, со што се надминати прогнозите на аналитичарите, пренесува агенцијата Франс прес.

„Тоа е петти квартал на стабилен раст“, се наведува во соопштението на статистичката канцеларија.

Шведската централна банка прогнозиташе раст на БДП од 3,7 проценти за 2015 година, по растот од 2,1 проценти во 2014 година.

На забрзувањето на економскиот раст влијаеа силните инвестиции, кои пораснале за 7,3 проценти во минатата година, растот на извозот од 5,9 проценти и скокот на потрошувачката на домаќинствата.

Претходно овој месец, шведската централна банка ја намали клучната каматна стапка за 15 базни поени, на историски минимум од минус 0,5 проценти, наведувајќи го како причина ризикот од забавување на инфлацијата и падот на довербата во нејзината монетарна политика.

Истовремено, БДП на Финска во 2015 година пораснал за 0,4 проценти во однос на 2014 година, по три години последователна рецесија, соопшти финскиот Институт за статистика.

После три години пад на БДП финската централна банка за минатата година прогнозираше продолжување на падот на БДП од 0,1 проценти.

Покрај забрзаното стареење на популацијата и колапсот на двете клучни индустриски гранки, хартија и електроника, економијата на Финска е тешко погодена со економската криза во Русија.

Сепак, во четвртиот минатогодишен квартал, таа имаше корист од благото зголемување на извозот во однос на претходниот квартал, и растот на потрошувачката на домаќинствата од 0,2 проценти на квартално ниво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП