29 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАSamsung заработи 7.7 милијарди во првиот квартал

Samsung заработи 7.7 милијарди во првиот квартал

galaxy_note_ii

Како што можеше да се очекува, „Samsung“ ги прикажа податоците од работните резултати во првото тромесечије во 2013-та година, а не е тешко да се претпостави дека тие се позитивни. Според овие информации компанијата забележала профит од 7.7 милијарди долари.

„Samsung“ без дилеми ја засили позицијата во сегментот на паметните телефони, иако излегувањето на „Galaxy S4“ тек ќе има поголем удел. Сепак корејскиот производител не забележа рекорден квартал како што претходно се предвидуваше, затоа што профитот од последниот квартал во 2012-та година изнесуваше 8.27 милијарди долари. Но се очекуваше почетокот на оваа година да биде послаба за разлика од крајот на минатата. Од компанијата очекуваат дека рекордот ќе биде соборен веќе во актуелниот квартал, благодарејќи на почетокот на продажбата на телефонот „Galaxy S4“.

Повеќе детали за успесите на своите дивизии „Samsung“ ќе прикаже на 26-ти април, но на основа на овие податоци може да се види дека „Samsung“ во овој момент нема никакви финансиски проблеми и грижи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП