10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДржавата обештети 79 лица чии домови настрадаа во поплавите во штипско

Државата обештети 79 лица чии домови настрадаа во поплавите во штипско

poplavi-novaci

Општина Штип заврши со уплатата на средства по основ на обештетување од ланските поплави, за дел од оштетените субјекти, кои се добиени од Владата на Република Македонија.

Конкретно, станува збор за исплата на 2.241.010 денари кои се поделени во зависност од проценката на 79 физички лица во категоријата домување.

Дел од обештетувањата по основ на штети во земјоделието се исплатени пред неколку месеци, а во следна фаза ќе следат обештетувања по други основи за земјоделците, како и за правните лица.За разлика од порано кога се исплаќаше само 15% од утврдената штета, сега станува збор за 100% обештетување што беше најавено од поранешниот премиер и претставници на Владата на Р.М при ланската посета на терен во Штип кога се случија поплавите на крајот на јануари и во февруари 2015 година.

Комисии на Општина Штип излегоа на терен и ги евидентираа сите штети, при што секој од овие 75 физички лица добија 100% покривање на штетите од страна на Владата на Р.М.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП