27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИRed wings продадена за една рубља

Red wings продадена за една рубља

redwings1

Рускиот милијардер Александар Лебедев вчера соопшти дека ја продал компанијата „Red wingd“ по симболична цена од една рубља.

На авиокомпанијата „Red wings“ и беше одземена дозволата за авиосообраќај, откако еден од авионите на оваа компанијата имаше несреќа во Москва.

„Ги потпишав документите за продажба на 100 проценти од капиталот на „Red wings“, на една група инвеститори за една рубља, што е два евро центи“, напиша милијардерот на својот блог, но не го наведе идентитетот на купувачот.

Лебедев, бизнисмен и сопсвеник на британските весници „Ivning standard“ и „Independent“, додаде дека сторил се за да ја спаси компанијата.

Руската агенција која го регулира авиосообраќајот на почетокот на февруари најави укинување на дозволата за летање на „Red wings“, чиј авион „Tu-204“ на 29 декември се сруши при слетувањето на аеродромот Внуково во Москва, пренесуваат странските агенции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП